Дома Спорт Стоилов пред мечот со Барса: Горд сум што сум капитен на овие...

Стоилов пред мечот со Барса: Горд сум што сум капитен на овие страшни момци

Loading...

Со оглед на тоа дека во регуларниот дел од првенството, во групната фаза, Вардар претрпе два порази, сега можеби е вистинското време за да им се наплати со камата.

Вардар ќе нема што да загуби, пред две години ја добивме Барселона во полуфинале, па денес може да се повтори истото сценарио.

Капитенот на Вардар истакна дека мора да тргнат внимателно во натпреварот и дека мора да се одигра максимално коректно и дисциплинирано.

„Овде не се доаѓа без мотив. Ќе биде тешко, знаеме дека мора да одиграме перфектен натпревар, што помалку да грешиме и тие тоа да го користат.

Јас сум пред се максимално горд на овие момци со кои играм, горд сум што сум нивни капитен, страшни момци, лудаци. Цел живот ќе се сеќавам на нив“, порача Стоилов од Келн.

Loading...