Дома Спорт Главата горе Македонци – Вардар ја згази Барса и повторно не направи...

Главата горе Македонци – Вардар ја згази Барса и повторно не направи најгорди на свет

Вардар ја победи Барселона со 29-27 и не пушти на најјако. Радувајте се Македонци!!

И покрај сите проблеми кои ги имаше оваа година, одливот на речиси половина екипа, заедно со тренерот Раул Гонзалес, Вардар сепак успеа во ова полуфинале да се издигне и повторно да не израдува.

Вардар е најголемиот Македонски бренд, Вардар е живот, Вардар е енергија.

Пред еден месец, кога спонзорот Самсоненко рече дека го напушта Вардар, во нашата држава беше ден на жалост. По само неколку денови, овие информации беа делумно негирани и беше ветено дека сепак Вардар ќе продолжи.

Да му посакаме на Вардар многу среќа во утрешното финале со екипата на Веспрем.