Дома Свет За Трамп очигледно Американците се на прво место – после Кина, сега...

За Трамп очигледно Американците се на прво место – после Кина, сега се качуваат царините и за Мексико

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор го повика во петокот американскиот колега по должност Доналд Трамп да престане со заканите со зголемување на царините за мексиканските производи, поради спорот меѓу двете земји околу имигрантите а што може силно да ја потресе мексиканската економија.

Претходно во четвртокот американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе ги зголеми царините доколку Мексико не ги запре имигрантите кои нелегално ја минуваат мексиканско-американската граница. Од 10-ти јуни царините би се зглемиле за 5 отсто, и би растеле на месечно ниво, до 25 отсто на 1-ви октомври.

Сaмо ден по оваа закана од Вашингтон, Трамп во петокот изврши дополнителен притисок врз соседот. „Мексико веќе заработува богатство од САД, тие лесно може да го решат овој процес. Времето е конечно да се стори сѐ што треба да се стори“, напиша американскиот претседател на Twitter.

Ултиматумот кој дојде од Трамп досега е најголемиот надворешно политички предизвик за левичарскиот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој влезе во шестиот месец од мандатот, со сите сили се трудеше да не одговара на „пецкањата“ од Трамп и ги избегнуваше конфликтите.

„Им порачувам на Мексиканците да не ја губат вербата, ќе го надминеме овој став на американската влада, тие ќе мора да се повлечат бидејќи мексиканскиот народ не заслужува да биде третиран на овој начин“, изјавил Обрадор пред новинарите.

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард на Twitter однесувањето на Трамп кон Мексико го нарече „нечесно“, а за заканите со царини рече дека „немаат економска смисла за никого“.

Долку се зголемат американските царини на увезот на мексиканските производи, би претставувал тежок удар за економијата на Мексико којашто во голема мера се потпира на извозот во САД на низа производи, од авокадо и текила до телевизори и автомобили кои во оваа земја го склопуваат компаниите како „Ford“ и „Nissan“.

Целиот текст прочитајте го на Нет Прес