Дома Економија Платите ќе се покачат дури и да не сака владата – од...

Платите ќе се покачат дури и да не сака владата – од една едноставна причина

Лидерот на владеачката СДСМ и Премиер Зоран Заев, уште пред да седне на оваа позиција најавуваше повисоки плати, минимална од петстотини евра, докторите да земаат дведесет илјади денари и.т.н.

Реализацијата на овие најави засега оди тешко, но ситуацијата на пазарот на труд станува алармантна. Особено откако почнаа секојдневно автобуси полни со македонци да одат накај Западна Европа.

-Имам пријател кој работи во градежниот сектор. Вели дека до пред 2-3 години физички работници имало колку сакаш и дневница плаќал од 800 до 1000 денари. Сега, вели Марјан, не можам да најдам луѓе ниту за дневница од 1500 денари, вели наш соговорник.

Разговаравме и со сопственик на сендвичара во една Скопска населба:

-На оглас веќе не можеш да најдеш луѓе. Сега ние газдите имаме поинаква стратегија. Одам во друга сендвичара. Кога шефот не му е тука го прашувам колкава плата зема. Ако ми рече петнаесет илјади, му велам, дојди кај мене за дваесет.