Дома Македонија Каракамишева: Не сум земала 10 илјади месечно, туку едвај илјада евра годишно

Каракамишева: Не сум земала 10 илјади месечно, туку едвај илјада евра годишно

Тања Каракамишева околу нагаѓањата колку пари здла од управни и надзорни одбори во време на минатата власт:

-Три години ги слушаме хистериите на партиските војници од СДС за моите членства во некакви фамозни 10 управни одбори, кои како што сум кажала многу пати до сега никогаш не биле Управни одбори, туку членства во неколку матични комисии за основање факултети, членство во Одборот за акредитација и евалуација во високото образование, членство во Одборот за доделување награда “Гоце Делчев” и член во надзорниот одбор на Македонска пошта.

Loading...

Во интерес на вистината, а со цел да им ги затнам устите на алапачите од СДС кои упорно и без срам шират невистини околу тоа колку пари сум примила по сите основи, одлучив јавно да ја обелоденам висината на средствата на сите исплатени надоместоци.

Членство во матична комисија за основање факултет чини во просек по 20.000-25.000 денари еднократен надомест што им се исплаќа на сите членови на комисијата по завршување на постапка за основање на факултет.

Значи исплатата не се врши секој месец, туку 20.-25.000 денари ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕСТ кој се добива по завршена работа.

Членството во Одборот за доделување награда “Гоце Делчев” исто така нема месечен хонорар, туку по завршување на целата работа од распишување конкурс до доделување награда МОН ни исплаќаше еднократен надомест од просек 12.000 денари на годишно ниво.

За членството во Надзорниот одбор на Македонска пошта поради економската криза на земјата и владината одлука да се намалат паушалите и надоместоците на членствата добивав месечен паушал од 6.000 денари, а сличен таков паушал добивавме и од Одборот за високото образование.

Зошто одлучив јавно да ги објавам овие средства?

Во интерес на вистината и со цел ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ да ја затворам дежурната тема “членства на Каракамишева во непостоечки управни одбори” и наводни хонорари кои сум ги примала, а за кои суми и мене ме болеше главата кога ги читав, еве ви ги вкупните износи кои сум ги добила по основ на завршени активности.

Лагите кои ги прочитав за мене изминатите години се движеа од наводно инкасирани 10.000 евра до 20.000 евра месечно.

Кога ќе се соберат вкупно сите исплатени средства сумата не надминува повеќе од 1000 евра годишно, а не пак 10.000-20.000 евра месечно како што кружеа муабети.

Целиот статус на Каракамишева, прочитајте го на нејзиниот профил

Loading...