Дома Македонија Виктор Трифуновски: Македонците, Србите и Бугарите во Америка не разговараат за политика

Виктор Трифуновски: Македонците, Србите и Бугарите во Америка не разговараат за политика

Статус на Виктор Трифуновски

,,…Кога овде ке се сретнат македонци, срби и бугари (кои извинете, сите ги нарекувам НАШИ ЛУЃЕ)…никој не зборува за историја, поготово НЕ за политика. Муабетот е каде има поевтин стан, каде се пазарува поевтино, каде се заработува повеке, дали да се работи втора работа и која, дали да се почне сопствен бизнис, со свои или позајмени пари.

Loading...

Оној кој има бизнис (најчесто камиони, градежништво или угостителство) размислува како истиот да го прошири, дали да побара работници од овде или од родниот крај…понатаму како да се дојде до подобра кола, и тоа со што е можно поповолни услови на отплата, како да се купи куќа или стан. Верувајте, има многу што паметно да се чуе, без разлика на нивото на нивното образование. Секое искуство од тие муабети, колку толку помага во животот.

Едноставно пред очи ги гледаш луѓето кои од еден или два камиона, денес имаат четири или пет, од една кафана отвориле две, се селат во се подобри станови, работат на се подобри работни места.

Ете така изгледа ВИСТИНСКИ НАПРЕДОК… го гледате пред очи, приметувате дека луѓето можат да си дозволат се повеќе и повеќе работи. Тој напредок не е сведен на државни статистики околу движењето на нашето стопанство, ниту на бирократски тролови од Брисел…НЕ! Ги гледаш луѓето како навистина живеат се подобро и подобро.

Да бидам реален, не сите се амбициозни, ама сите го живеат животот кој го заслужиле, односно го сркаат она што си го надробиле. Шансите за успех не значат гаранција дека ќе живеете подобро. Некој таквите шанси ги користи, некој не. Квалитетот на животот е пред се последица на индивидуалниот успех. Тоа е сеуште правило во оваа прекрасна држава, во која за жал има и премногу анти-капиталистички отрови.

Значи, баталете ги политичките статистики…гледајте го сопствениот интерес, само не на туѓа штета. Така ќе бидете покорисни, и за себеси, и за општеството во кое живеете.”

Loading...