Дома Магазин Познатите македонски музичари: Поради премногу настапи цели 18 години ја одлагавме венчавката

Познатите македонски музичари: Поради премногу настапи цели 18 години ја одлагавме венчавката

Познатото музичко дуо, Кате и Трајче – Соната од Велес, по осмунаесет години врска и заеднички живот, за време на викендот се венчаа.

Катерина Брезева и Трајче Бондиков се познати во јавноста по редовните настапи во локали низ целата земја. Важат за пар кому и покрај тоа што е дел од естрадата околу две децении, скромноста му е главна карактеристика. За време на настапите се професионални, имаат богат репертоар, па затоа и се чести гости на разни приватни веселби.

За ,,Фокус” велат дека венчавката ја планирале долг период, и покрај тоа што со години наназад живееле заедно, но едноставно, поради честите работни обврски, ја одлагале и ја поместувале за некое помирно време.

-Цели осумнаесет години сме заедно, ама без документ – се смее Кате – бидејќи немаше време за нас. Постојано со настапи, им ги развеселувавме свадбите на луѓето, а нашиот приватен живот на некој начин го запоставивме. Но, велиме дека така требало да биде, никогаш не е доцна. Знаеме да кажеме дека сме жртви на работата, но истовремено уживаме во нашата работа – раскажува убавата велешанка.

Целата сторија проследете ја на Фокус.