Дома Останато Росоклија: Пред спиење обавезно јадам попара со кисело млеко, па дури и...

Росоклија: Пред спиење обавезно јадам попара со кисело млеко, па дури и после вечера со вино

Коментар на професорот Горазд Росоклија: ,,Татко ми не пиеше алкохол воопшто, нула. Вујко ми (вујче Вени), ме учеше да пијам вино бидејќи МАЖ мора да знае да пие ВИНО. Во Париз, додека работев на докторатот, мојот професор секој ден носеше шише или две црвено вино и ме едуцираше.

Исто и после секоја клиничка визита, вино и Камембер или Бриј. После неколку години, пред да си одам, ми вика: ,,сега знаеш сè за француските вина. “Знам сè освен едно”, му одговорив, ,,да успеам да ги уживам.”

И ова е точно, ги разликувам до финеса, но не успевам да ги уживам како кога пијам јогурт или млеко. Гаврил, другар ти, не може да верува дека после вечера со вино, пијам млеко и пред да си легнам јадам попара со кисело млеко независно од тоа што сме јаделе претходно.

Шампањ не пијам освен ако дибидуз е ,,морално”. Алкохол ме тера на спиење, а после вечерата маж има и обврски.”