Дома Останато Јелена Спенџарска: Најмила моја, бев изгубена а ти ме спаси

Јелена Спенџарска: Најмила моја, бев изгубена а ти ме спаси

Статус на водителката Јелена Спенџарска со кој и се обраќа на својата внука: ,,Моја најсакана Љубљана… Кога се роди, ТИ ме спаси. После времето кога бев малку изгубена и не бев воопшто сигурна каде ме носи овој живот- ти стана мојот свет. И тогаш се изгубив, но во твоите очи и во тоа колку беше убава.

Од прв ден кога се роди и кога баба ти ми те покажа преку камера – ти беше најубавото бебе. Ти, во еден ден, ме направи да бидам нешто што го посакував и се трудев да бидам долго време- позрела,повнимателна, посигурна…..

Се надевам дека никогаш нема да изгубиш верба во себе. Момчињата ќе ти го кршат срцето, ќе се расправаш со родителите, најверајотно ќе имаш некоку лоши оцени во школо…

Но,се е тоа ок. Сите тешки денови ќе те научат само како да бидеш посилна, посамоуверена и да бидеш бестрашна. И јас поминав низ многу тешки периоди ( ќе ти раскажам за нив еден ден) но со помош на мајка ти, баба ти и дедо ти, надминав се и станав многу посилна од што си мислев дека ќе бидам.

Дај Боже и ти да го направиш истото, а јас секогаш ќе бидам до тебе, дури и кога ќе мислиш дека немаш никој. Фала ти што ме направи подобар човек. Во истиот момент кога се роди, веќе знаев дека не сум иста.

Сега морам да бидам силна и за тебе. Сакам да ти бидам најпрекрасната тетка. Да ти покажам што е безусловна љубов и зошто е многу важно секогаш да бидеш добра спрема себе си. Ако некогаш ја оплескам работата, сакам да научиш како не треба и ментално да растеш заедно со мене.

Се уште си мала за да знаеш колку те сакам. И колку те мислам секој ден кога не сме заедно. Никој од фамилијата не ми е толку важен како ти, верувај ми.

Сакам секој момент да бидам заедно, да те гледам, да ти ја држам раката и да ти помогам секој ден да сфаќаш колку магично девојче Господ те создал да бидеш. Не, не ,не …. мала си и да знаеш колку сум јас среќна што те имам. Едвај чекам да те гледам како растеш и како се претвораш во преубава млада девојка.
Сакам секогаш да си бидеш своја.

Се надевам дека секогаш ќе се бориш за тоа во што веруваш. Дека деновите ќе ти поминуваат во смеа.Имаш толку многу милост во тоа твое мало срце што сакам секој ден да ја споделувам со светот. Овој свет е твој, убавино моја. Оди и промени го !!!”