Дома Македонија Филипче се огласи и откри што се случува со момчето за кое...

Филипче се огласи и откри што се случува со момчето за кое се бараше хеликоптер

Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче по пат на „Фејсбук“ се огласи за апелите што утрово осамнаа за хеликоптер со кој би се пренело момче надвор од државата на лекување:

Благодарение на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија и одличната соработка која ја имаме со болниците во Бугарија, момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар ќе биде лекувано во најголемиот центар за изгореници на Балканот.

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Благодарение на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и…

Публикувахте от Венко Филипче в Събота, 25 май 2019 г.

Благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување. Обезбедено е санитетско возило кое треба да тргне во секој момент.