Дома Балкан Будва како да сака да ги одбие туристите – глоба за шетање...

Будва како да сака да ги одбие туристите – глоба за шетање во бикини, па што да носат на море

Будва планира да воведе казна за шетање без маичка во износ од 500 евра, а за шетање во костим за капење 600 евра . Оние кои јадат и пијат на јавна површина ќе бидат казнети со 700 евра. Слични вакви мерки воведоа и некои Хрватски летувалишта.

Надлежните служби во Будва ги повикале граѓаните поради значењето на Одлуката за комунален ред во секојдневното функционирање на градот, граѓаните, економските субјекти, туристите , како и нивниот однос кон заедничките јавни површини, во што поголем број да им помогнат со сугестии во креирање на нацрт Одлуката за комунален ред, јави РТС Будва.

-Важноста на оваа одлука како и правилата и однесувањето на јавни површини е можно да се согледа во одлуките на градовите во соседните земји каде, за споредба, на Хвар за туристите е истакнато известување за правилата и казните кои ги очекуваат поради непримерно однесување, па така за шетање без маичка е предвидена казна од 500 евра.

За шетање во костим за капење 600 евра, додека казната за јадење и пиење на јавни површини изнесува 700 евра-навеле од надлежните општински служби.

Со одлуката, како велат, може да се препишаат и разни, други правила на однесување кои би ги регулирала комисиските проблеми за паркирање, сушење облека, оставање ѓубре, изглед на згради, гласна музика и слично.