Дома Останато Не сте ми јасни бе “парајлии”, зошто одите во Грчка во Април...

Не сте ми јасни бе “парајлии”, зошто одите во Грчка во Април и Мај – да ве видат ли само

Гледам фотки по социјалниве мрежи. Испоседнале на лежалки на плажа во џемпери и јакни. Ги соблекле децата боси, па ги пиуштиле во песок да си играат. Некои похрабри се соблекле по маици, као се сунчаат нешто.

Зошто ви е ова глумење “лудило” бе драги пријатели. Што е овој збеснотилок. Доаѓа продолжен викенд и еден саат колона на Богородица. Во Април и Мај, кога ниту температурата на воздухот не надминува 22-23 степени.

Толку ли сте желни да ве видат, да се пофалите на фејс? Еве во Грција бев за викенд. Видов море и песок. Јадев гиро и ме чинеше стотина евра од ден. Не озбилно, зошто одите кога не можете да се бањате?

Ако е изговорот да излезам од дома, можеш да излезеш до Маврово, Пелистер, Голак, Берово… Охрид намерно не го спомнувам, бидејќи и Охрид асоцира на плажа, мада Охрид си има и многу други убавини поради кои вреди да се посети.

И ајде, во ред, терајте ако тоа ви претставува кеиф, да шетате по улица низ некое грчко село и дебело да платите за тоа. Но мора ли да се натфалувате со ништото што сте го направиле. Па има луѓе што не можат крај со крај да врзат, знаете нели.

Ај, на здравке нека ви е узото дванаеска. И така само таму го пиете, као за промена, дома некоја “домача” со зелка ќе си мезите, следните месец два дури застанете на нозе од трошоков за продолжениот викенд.

П.П.

Авторски текст, не смее да се превзема од други портали без одобрение од редакцијата на Балкан.