Дома Свет (ВИДЕО) Какво е ова здание – новата џамија во Истанбул може да...

(ВИДЕО) Какво е ова здание – новата џамија во Истанбул може да прими 60 илјади луѓе одеднаш

Стотици луѓе присуствуваа на првата утринска молитва во новоизградената џамија Камлика во Истанбул, откако заврши нејзината изградба , почната во 2013 година.

Покрај верниците на молитвата во најголемата џамија во Турција им се придружи Бинали Јилдирим, кандидат за градоначалник на Истанбул.

,,Џамијата е уметничко дело . Таа на Истанбул ќе му даде дополнителна убавина.” , изјави Јилдирим по молитвата.

Првата молитва во новата џамија се одржала во исламската ноќ на желбите, почеток на три свети месеци во исламскиот календар.

Темелите на џамијата се поставени во 2013 година и е проектирана како наследничка на огромните џамии од Отоманскиот период.

Се наоѓа на ридот Камлика во центар на Истанбул. џамијата , која собира 60 000 верници службено ја отвори претседателот Реџеп Таип Ердоган.