Дома Магазин Нов статус на Тања Царовска: Не и завидувам на Тамара – пред...

Нов статус на Тања Царовска: Не и завидувам на Тамара – пред некоја година препорачав моја песна да пее

Тања Царовска за својот статус веднаш после Евровизија, доби многу негативни коментари и етикета дека и љубомори на својата колешка Тамара. Вчера таа се дообјаснуваше:

,,За тие што си ја интерпретираа мојата објава како им одговара – евровизиска љубомора, малициозност и вриштење за внимание, се до обраќања како: “Магарице сељачка, оди си в село, никад нема да бидеш Тамара!”

Во 2004, после евровизискиот настап на Тоше Проевски, од МТВ имав директна понуда за да ја претставувам Македонија следната година на Евровизија. Понудата – иако толку драга – решив да ја одбијам. Иако како дете ја обожував Евровизија до толку што ги учев сите песни напамет на различни јазици, со текот на годините ми стана јасно дека не може да се макаат прсти во секоја бранша од професијата и да се тестираат сите можни насоки.

Патем, верував дека има други кандидати во Македонија на кои таков ангажман многу повеќе ќе им значи од мене и ќе можат многу подобро да ја поднесат таа огромна обврска.
Тогашниот директор на редакцијата Иван Мирчевски – кому еве користам прилика јавно да му се заблагодарам за укажаната чест – тоа го сфати и испочитува и убаво се поздравивме.

По точно десет години во 2014 повторно добив понуда од МТВ да учествувам на Скопскиот Фестивал, пренаменет како избор за песна на Евровизија. Овој пат сосема нов тим ми се обрати со нарачка за песна за фестивалот.

Прифатив со задоволство да пратам песна, но бев категорична дека немам намера лично да ја изведувам па дадов други предлози за изведувачи. На крај, на состанокот со директорскиот тим во врска со решавање кој ќе ја пее “Ако ми се вратиш”, по долго и персистентно убедување дека многу ќе им значи поддршката на мојот личен настап, се согласив да им излезам во пресрет.

(Да биде начисто, не поставив никакви ултиматуми за посебни третмани или награди, ниту ми беа понудени, учеството го прифатив без надоместок, чисто за да помогнам на фестивалот како возврат за укажаната чест. Единствениот хонорар ми беше стандардниот хонорар за песната што сите триесетина автори го добиваат.) Еве принт-скрин од дел од разговорот со уметничкиот директор, да видите до која мера им завидувам на тим Тамара.”