ФФМ денеска објави дека ФК Вардар останува без лиценца за настап во европските купови и покрај освоеното второ место во домашното првенство поради неисполнување на финансиските услови.
Одлуката ја потврди комисијата за лиценцирање на ФФМ, врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Првата македонска фудбалска лига. За учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020, ги донесе следниве одлуки:
Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:
Академија Пандев АД – Струмица, Беласица АД – Струмица, Македонија ЃП 1932 АД – Скопје, Работнички АД – Скопје, Ренова АД – Скопје, Силекс АД – Кратово, Шкендија АД – Тетово, Шкупи 1927 АД – Скопје.
Не се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:
Вардар АД – Скопје, Победа АД – Прилеп
По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање, но истата беше одбиена како неоснована. Со оваа одлука се отвори место во Лига Европа за петопласираниот тим.