Дома Македонија Не можам мајстор за плочки да најдам, ми вели: Одам на курс...

Не можам мајстор за плочки да најдам, ми вели: Одам на курс по германски јазик – немам време

Луѓе, јас сум ваш читател на Балкан, па би сакал да споделам со вас еден проблем со кој што се соочувам во последните неколку дена.

Веќе еден месец барам мајстор кој ќе ми лепи плочки, но се соочив со проблем во кој не може да верувам. Не можам да најдам мајстор, да добро прочитавте. Ако пред неколку години можев да бирам кого ќе ангажирам и кој ќе биде поефтин, сега воопшто нема никаков избор.

Loading...

Оној што го познавав, мајстор Миле пред година дена замина за Германија. Човекот кој беше негов чирак го барам, а тој ми вели: Навистина немам време, верувај ми, имам договорено работ за цело лето.

Најдов уште еден мајстор, а неговиот одговор ме изненади: Одам на курс по германски јазик, интензивно учам и немам време за работа многу.

Ги исцрпив речиси сите мајстори за плочки од мојот град, ама буквално нема ниту еден кој може работата да ја заврши овој месец, а мене ми се брза и работата не е за чекање.

Loading...