Дома Македонија Граѓаните на Македонија веќе нема да преживуваат со 50 денари дневно

Граѓаните на Македонија веќе нема да преживуваат со 50 денари дневно

Корисниците на социјалните права во Северна Македонија конечно можат да здивнат. По двегодишни најави, големата социјална реформа станува оперативна.

Парламентот ги усвои пакетот закони за социјална и детска заштита, како и оној за сигурност на старите лица. Ова практично значи дека во државата веќе нема да има луѓе кои преживуваат со по 50 или 100 денари дневно, пензија ќе има за секого, но уште поважно, детскиот и образовен додаток се зголемува и тоа дури за 20 пати:

Loading...

„Ова е голем ден за нашата држава, за сите наши граѓани и граѓанки. Со ова овозможуваме секој да ги постигне своите потенцијали во општеството, затоа што веруваме во инклузивно општество, еднакво општество, општество кое што дава шанса и се грижи за секој поединец. Ова е важно за мене како министерка многу, но исто така е важно за Владата и е важно за целото општество.

Работиме директно на намалување на сиромаштијата на нашата држава и вложуваме во идните генерации“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Целата сторија проследете ја на „Дојче Веле на македонски јазик“

Loading...