Дома Свет Основачот на Хуавеи: Не потценуваат, а немаат шанси да ја стигнат нашата...

Основачот на Хуавеи: Не потценуваат, а немаат шанси да ја стигнат нашата 5г технологија

Рен Женгфеи, основачот на Хуавеи коментирајќи ги американските потези против неговата компанија, вели дека САД ги “потценуваат” своите способности. Во изјава за кинеските државни медиуми, Рен оцени дека влијанието на неодамнешните американски ограничувања ќе биде незначајно, додавајќи дека никој во блиска иднина нема да може да ја достигне нивната 5G технологија.

-Сегашната практика на американските политичари ја потценуваат нашата сила, изјави Рен. Минатата недела, Трамп ја стави Хуавеи на листата на компании за кои американските фирми не можат да тргуваат, освен ако немаат дозвола.

Овој потег означи ескалација на американските чекори за блокирање на кинеската компанија. Хуавеи се соочува со се поголем број реакции од западните земји, предводени од САД, поради можните ризици кои наводно ги претставува користењето на нивните производи во мобилните мрежи од следната генерација.

Потенцијалните последици од ваквата одлука на САД добија поголема димензија откако вчера Гугл соопшти дека ќе го ограничува пристапот до ажурирањето на Андроид за телефоните на Хуавеи.

Но, подоцна вчера, одделот за трговија во САД издаде привремена дозвола која им овозможи на некои компании да продолжат да ги поддржуваат постоечките Хуавеи мрежи и уреди.

Целиот текст прочитајте го на Нова