Дома Магазин (ВИДЕО) Камионџијата Дарко од Америка им покажа на нашите инфлуенсер(к)и како се...

(ВИДЕО) Камионџијата Дарко од Америка им покажа на нашите инфлуенсер(к)и како се прави ЕПП

Поради популарноста на социјалните мрежи, светски тренд во моментов е создавање на содржина која ќе ги привлече посетителите да отворат и видат за што се работи. Секако, од ова и се заработува.

Овие трендови не ја заобиколуваат и нашата држава, па така, многу пејачки, манекенки, водителки се обидуваат да привлечат што е можно повеќе фанови, за да презентираат некое парче облека, шминка, накит и што уште не, од спонзорите кои ги плаќаат.

Но компаниите, пред да ги дадат парите, треба да го имаат во предвид фактот дека на профилот на некоја “инфлуенсерка”, која се промовира со голотија, речиси осумдесет проценти од фановите се мажи, кои влегуваат да видат “парче месо” и баш им е гајле за шминката која “госпожата” ја држи во рака.

Е затоа пак, има и дечки кои сенсот за правење интересни содржини, го имаат вроден, пропратен со шарм и хумор. Еден од нив е Дарко Јефремов, кој вози камиони во Америка и кој од забава почна да снима видеа, а сега веќе го следат десетици илјади фанови на социјалните мрежи. Еве го неговото најново видео:

Биди и ти шешардисан и најди ме на инстаграм: @darkovlogs 🤣🤣🤣

Публикувахте от Darko Jefremov в Неделя, 19 май 2019 г.