Дома Магазин Тамара ги разреши сите дилеми: Проговори и јавно откри колку пари потрошиле...

Тамара ги разреши сите дилеми: Проговори и јавно откри колку пари потрошиле за Евровизија

Пејачката Тамара Тодевска вчеравечер беше пречекана со овации на скопскиот аеродром од каде што веднаш се упати во 1тв каде што имаше отворено студио во нејзина чест и се дискутираше на тема Евровизија.

Пејачката околу 12 часот и 30 минути влезе во студиото, а на врата беше пречекана од сопственикот на телевизијата кој и подари 10 илјади евра за да започне со интернационална кариера.

Инаку во рамки на отвореното студио Тамара најпрвин се заблагодари на цела македонска јавност за поддршката, а во еден момент откри и колку изнесувал нејзиниот буџет за Евровизија.

Луѓе, ние имавме се на се 100 илјади евра, од кои 34.000 дадовме за учество. Ни останаа околу 60 и нешто и со тие пари требаше да обезбедиме се.Ни беше многу тешко, откри Тамара која заврши на осмата позицијата на Евровизија.