Дома Свет Нема шега со САД – по забраната за увоз, сега и Гугл...

Нема шега со САД – по забраната за увоз, сега и Гугл раскрстува со Хуавеј

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела објави дека Американските компании чие производство е лоцирано во Кина, ќе се соочат со царина од 25 проценти  при увоз на своите производи во САД.

Со тоа, гигантите како Ејпл, ќе бидат приморани да го вратат своето производство во Амеирка, да вработат американци и со тоа, да си намалат од профитот, бидејќи во Америка нема ефтина работна сила како во Кина.

По мерките на САД против Кина , “Гугл“ ја прекинува соработката со кинеската компанија “Хуавеј“. Мерката ги опфаќа сите зaеднички дејности во врска со трансферирање хардвер, софтвер и сервисите, но не и софтверот со отворен код што се развива во “Гугл“ и кој “Хуавеј“ би можел да го користи, како што е програмата АОСП – отворена верзија на “Андроид“, достапна како слободен софтвер.

Со тоа уредите на “Хуавеј“ веднаш ќе останат без надградби и нови верзии на содржините на “Гугл“. Новиот смартфон на “Хуавеј“ нема да има пристап до Гугл плеј стор, Јутјуб, Џимејл, Гугл драјв и Хром.

„Ги разгледуваме последиците од овие одлуки. За корисниците на нашите услуги, Гугл плеј и Гугл плеј протект, тие услуги и натаму ќе функционираат на уредите на „Хуавеј“, изјави претставник на кинеската компанија.