Дома Свет Најџел Фараш, најпопуларниот политичар во Англија гаѓан со Милкшејк (ВИДЕО)

Најџел Фараш, најпопуларниот политичар во Англија гаѓан со Милкшејк (ВИДЕО)

Најџел Фараж е британски политичар и поранешен водач на Партијата за независност на Обединетото Краслтво (УКИП) од 2010 до 2016, а претходно од 2006 до 2009 г. Во 1999 членувал на Европскиот парламент, како претставник од југоисточна Англија и копретседава со европскептичната партија. Во 2016 г. дал оставка, и по изборите за партиско водтство, на негово место дошла Дајен Џејмс.

Фараж е член од основањето на УКИП, откако во 1992 по потпишувањето на договорот од Мастрихт, ја напушти Конзервативната партија. По неуспешното водење на кампањите за Европските парламентарни избори и парламентарните избори во Вестминстер, тој доби место како член во Европскиот Парламент како претставник за југоисточна Англија на Европските избори во 1999-првата година беше употребена изборната листа-а беше повторно избран во 2004 и 2009.

Фараж себе си се опишува како слободоумен и ги негира сите уедувања дека всушност е конзервативец. Во септември 2006, стана водач на УКИП и во 2009 ја предводеше партијата на Европските парламентарни избори, кога го освоија вториот најголем дел од гласовите на народот, победувајќи ги Лабауристите и Либералдемократите со повеќе од два милиони гласови.

И покрај тоа, тј се повлече во Ноември 2009, за да се посвети на борбата за позицијата на спикерот Џон Берков на изборите во 2010. На изборите во 2010, Фараж не успеа да го симне Берков од функција, и освои само трет најголем дел од гласовите на избирачите.

На 6 Мај, брзо по отварањето на изборите Фараж беше повреден во авионска несреќа во Нортамптоншир. Двоседот PZL-104 WILGA 35A влечел транспарент за УКИП, во моментот кога се превртел и урнал бргу по полетувањето. И Фараж и пилотот биле хоспитализирани со повреди безопасни по животот.

Во Ноември 2010 Фараж успешно влезе во трката за водач на УКИП,по оставката на нејзиниот дотогашен водач Лорд Пирсон од Ранох. Фараж исто така според The Daily Telegraph беше рангиран на 41 место од изборот на 100 Највлијателни десничари во Октомври 2009, посочувајќи ја неговата умешност со медиумите и успехот со УКИП на Европските избори. Фараж е познат по своите жестоки и понекогаш конторверзни говори.

На снимката која се споделува на социјалните мрежи се слуша глас на маж како му вели на Фараж „фашист“.32-годишниот Пол Кровтер, призна дека го погодил политичарот со милкшејк од банана и карамела.