Дома Uncategorized Министерите на СДСМ еден против друг: Спасовски ги одби речиси сите амандмани...

Министерите на СДСМ еден против друг: Спасовски ги одби речиси сите амандмани на Ременски

Loading...

Оливер Спасовски наспроти Фросина Ременски. Министерот за внатрешни работи на сопартијката од СДСМ и ги одби речиси сите амандмани на предлог-законот за Агенцијата за национална безбедност.

Пратеничката Ременски предлага надлежностите за одредување на мерката за лица со прикриен идентитет, да бидат во рацете на судот, а не како што стои во предлог законот, тоа да го прави директорот на агенцијата.

Спасовски со свои аргументи – вели дека со изготвениот предлог-закон се остава можност за поголема оперативност на Агенцијата. Според него, нема да има простор за злоупотреба на функцијата, како што тврди Ременски.

Како пример за злоупотреба на оваа мерка, Ременски го спомена случајот со Александар Василевски Нинџа кој на рочиштата за упадот во Собрание тврдеше дека е ангажиран од УБК, но беше обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Но, Спасовски не се предомисли. Од друга страна, ги прифати заедничките амандмани на предлог законот поднесени од Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ и Хари Локвенец од СДСМ.

Loading...