Дома Македонија Елизабета, сопругата на Претседателот Пендаровски почна со активности

Елизабета, сопругата на Претседателот Пендаровски почна со активности

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на Претседателот Стево Пендаровски по професија е дипломиран Стоматолог и е редовен професор на Стоматолошкиот факултет, при универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје.

Титулата Прва дама, подразбира и непишани обврски за општествени активности, кои сопругата на претходниот Претседател, Маја Иванова ги практикуваше. Таа пред сè се ангажираше околу помош на скопската “Детска клиника”.

Една од најекспонираните “Први дами” во нашата држава, беше сопругата на поранешниот Премиер Љубчо Георгиевски, Снежана, која преку својата фондација “Благовестие” успеа да помогне во доедукација на многу талентирани луѓе, дејствуваше во хуманитарни акции, медицински апарати за здравството и.т.н.

Во која област и дали Елизабета Ѓоргиевска ќе се одлучи да придонесе за имиџот на функцијата Претседател и да помогне на одредени категории, останува да видиме.

Д-р Ѓоргиевска пред неколку дена на својот профил на социјалните мрежи ја објави својата прва активност како “Прва дама” на Република Северна Македонија. Учествуваше и говореше конгрес на Светската психијатриска организација:

,,Ми претставувше особена чест и задоволство да се обратам на отворањето на тематскиот конгрес на Светската психијатриска организација (WPA): “Деменција: психијатриски и невролошки предизвици и перспективи”.

Извонредно воведно предавање на проф. д-р Хелен Херман, претседател на WPA. Голема благодарност до проф. д-р Новотни за поканата.”, напиша Ѓоргиевска.