Дома Македонија Дел од граѓаните за Евросонг: Ма каква Евровизија, остајте не на мира

Дел од граѓаните за Евросонг: Ма каква Евровизија, остајте не на мира

Главна тема овие три дена во нашата држава е Евровизија. Од почлетната еуфорија во саботата вечер, кога за момент помисливме дека можеби и ќе победиме на изборот за најдобра песна во Европа оваа година, деновите потоа се претворија во препукувања, што и како требало да се случи.

Па така, откако во вториот круг од резултатите од гласањето, се виде дека Македонската дијаспора не гласала, односно во мал број гласала за нашиот претставник, многу граѓани на социјалните мрежи, меѓу кои и функционери и новинари излегоа со остра осуда за нашата дијаспора.

Од здруженијата на дијаспората пак одговорија дека тие имаат право на свое мислење и на свој став околу тоа и воопшто да не гледаат Евросонг. Се отиде до таму што некои јавни личности бараат на Македонската дијаспора да им се одземе правото на глас на било какви избори поврзани со матичната држава.

Во дебатните емисии денес, мислењата се поделени. Повеќето жалат за испуштената шанса за што повисок пласман на Евровизија, но има и такви кои во камерите на утринските емисии на прашањето дали гледале Евросонг, одговорија: “Каква Евровизија бре, оставете не на мира, едвај крај со крај спојуваме”.