Дома Балкан (ВИДЕО) Србите не потсетија дека ова не е единствениот настап на Тамара...

(ВИДЕО) Србите не потсетија дека ова не е единствениот настап на Тамара на Евровизија

Србите се потсетуваат на Евровизијата на која беа домаќин во 2008-та година кога Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија заедно со Врчак и Адриан Гаџа, но не успеаја да влезат во финалето поради променетиот систем на гласање.

Тие пишуваат дека Тамара од таа до оваа Евровизија очигледно ја научила лекцијата.

Српскиот портал Блиц денеска објави вест за нашата претставничка на Евровизија Тамара Тодевска која вчера за влакно не победеше на ова шоу.

Тие велат дека Тамара не само што го изненади регионот, туку и цела Европа. Притоа, го поставија видеото од тогашниот настап на Тамара, заедно со Врчак и Адријан Гаџа.