Дома Балкан Србите со услов кон МПЦ за евентуално признавање: Прво присоединете го Вранишковски

Србите со услов кон МПЦ за евентуално признавање: Прво присоединете го Вранишковски

По решавањето на спорот за името, има сигнали дека би можело да биде решено и црковното прашање во нашата држава. Повеќедеценискиот спор кој нашата црква го има со СПЦ, претставува кочница во канонско единство на МПЦ со останатиот Превославен свет.

Според неофицијални информации на порталот мкд.мк од високи извори од Белград, условот на СПЦ ќе биде прво признавање и присоединување на Православната охридска архиепископија (ПОА) на расчинетиот владика Јован Вранишковски, па признавање на МПЦ-ОА и ПОА.

Откако ќе се реши тоа соединување на ПОА со МПЦ-ОА, дури тогаш би можело да се решава за автокефалност на МПЦ. Ова се сѐ уште само неофицијални информации за тоа со што би можеле да бидат условени владиците на МПЦ-ОА.

Од СПЦ појаснуваат дека одлучиле да ги продолжат преговорите, кои никогаш и не биле прекинати, туку биле само привремено стопирани поради затворскиот прогон кон Јован Вранишковски, расчинетиот владика и поглавар на непризнатата ПОА. Можно е продолжувањето на разговорите да се водат помеѓу СПЦ, ПОА и МПЦ-ОА, пишува МКД.