Дома Магазин Македонците во Австралија и Америка немаа право да го дадат својот глас...

Македонците во Австралија и Америка немаа право да го дадат својот глас за Тамара

Ден потоа, после големата радост која ни ја приреди годинешниот наш претставник за песна на Евровизија, Тамара Тодевска, се сумираат резултатите. На крајот родоста се претвори и во мала горчина поради резултатите од телефонското гласање.

Од листингот кој излезе по гласањето се виде дека освен во Србија и Словенија, Македонците во останатите Европски држави биле малку заинтересирани да го поддржат нашиот претставник.

Истовремено по социјалните мрежи се развија дијалози и дилеми зошто нема ниту еден глас од нашинците во Австралија и Америка. Многу едноставно. Ова е Евросонг и граѓаните на овие држави немаа право на глас.

Иако Австралија учествуваше како гостин, сепак, немаше стручно жири кое се јави од оваа држава за да даде гласови за останатите земји. Слично е и со телефонско гласање, кое таму го немаше.

Австралија на Евровизија настапува како гостин, па дури и да победеше, следниот Евросонг немаше да се одржува во оваа прекуокеанска земја, туку во некоја од Европските.

П.П.