Дома Останато Иван Иsцелител: Ви кажав уште во петокот кој ќе победи – после...

Иван Иsцелител: Ви кажав уште во петокот кој ќе победи – после Мојсеј јас сум најголемиот пророк

Иван Иsцелител во врска со својот дар, за нашиот медиум пред две години изјави: ,,Уште кога бев многу мал на тригодишна возраст и помогнав на мојата баба и ја излечив раката. Па оттогаш народот дозна за позитивните работи и благодатта од божјите моќи што ги поседувам, па набргу добриот глас се рашири како молња од една уста до милиони уши.

Па тогаш народот од целиот свет почна да доаѓа кај мене. Тоа беше добро за народот, државата и градот. Наеднаш се зголеми странскиот туризам во нашиот град и државата, од кој сите имаа бенифит (аеродромите, патарините, бензинските пумпи, мотелите, хотелите, кината, музеите, бутиците, таксистите, со еден збор расте македонската економија ) и тогаш медиумите од целиот свет почнаа да пишуваат, да снимаат репортажи, ме нарекуваа чудо од дете, новиот Исус и така од ден на ден се зголемуваа масите народ, дури имаше денови кога на ден имаше до 30.000 луѓе.

Мојата популарност на мали години донесе бенифити во општеството.Сите деца ме сакаа, сите сакаа да се дружат со мене. Многу луѓе ми помагаа. Секаде каде што ќе се појавев во тогашната Југославија, сите сакаа да се сликаат и да имаат слика со мене, секаде каде што ќе влезев – тогаш во робни куќи, секаде ми даваа гратис играчка или алишта, попусти во сите центри за одмор, ме канеа и ми даваа гаратис одмор оти кај ќе бев јас – таму сите деца од поранешна Југославија сакаа да дојдат.

Сите деца се шишаа како мене, се облекуваа како мене. Јас тогаш бев како идол на младината, како една култура, еден начин на живеење и благодарение на мене многу луѓе се побожни, многу луѓе веруваат во Бог.

Па да се биде поразличен од другите е привилегија и обврска, зошто кога си јавна личност треба да оставиш добар впечаток на културен човек, сите постапки да бидат промислени во склад со Божјиот Закон, зошто сите те следат и си во центар на внимание на јавноста. Јас уште мал бев свесен за тоа и затоа правев во секоја секунда добро на луѓето. Со добар збор и насмевка кај секој човек побудуваш насмевка и добро расположение.”

Тој синоќа веднаш по прогласувањето на победникот на Евровизија, потсети на својот статус од петокот, во кој предвидува дека победник на годинешниот Евросонг ќе биде Холандија.