Дома Магазин (ФОТО) Познати резултатите од дијаспората – од Германија и Италија нема...

(ФОТО) Познати резултатите од дијаспората – од Германија и Италија нема ниту еден глас за Тамара

Резултатите од вториот круг на гласањето синоќа во Тел Авив, Израел, беа кобни за нашиот претставник, Тамара Тодевска. Имено, по првиот дел, таа беше на чекор од врвот, односно заостануваше само два поени зад претставникот на Шведска, а во поголемиот дел од гласањето беше во водство.

Во вториот дел, кога се пресметуваа гласовите од телефонското гласање, Тамара освои само 58 поени, што беше премалку за да се вмешаме во пласманот меѓу водечките.

Како се спроведува телефонското гласање. Граѓаните од матичната држава немаат право да гласаат за својот претсавник. Но Македонците кои живеат во некоја Европска држава имаат.

Па така, на официјалните резултати од телевоутингот по држави, се  гледа дека Македонците во Србија и Словенија, масовно го искористиле своето право  и гласале за Тамара. Потоа следат Хрватска, Албанија, Црна Гора и Малта. Два поени има и од Македонците кои гласале во Швајцарија.

За жал, ниту еден поен нема од Германија и Италија, што е своевидно изненадување, бидејќи во овие две држави живеат значителен број Македонци кои таму работат.