Дома Магазин (ВИДЕО) Со приватен авион и 135 луѓе – ете така пристигна Мадона...

(ВИДЕО) Со приватен авион и 135 луѓе – ете така пристигна Мадона во Израел

Мадона пристигна во Тел Авив со што дефинитивно го потврдува нејзиното учество во финалето на Евровизија која ќе се оддржи во сабота на 18-ти мај. Веќе ја направила првата проба, а деталите ги објавила на социјалните мрежи.

Како што пишуваат од Times of Israel, Мадона пристигнала со приватен авион на аеродромот Бен Гурион. На главата носела голем шешир за да ги спречи папарациет да и го фотографираат лицето, а со својата придружба била донесена во хотелот Дан каде што го реазервирала целиот 4-ти спрат.

По нејзиното доаѓање имала недоразбирање со организаторите кога пристигнала на проба во Арената затоа што не ѝ дозволиле да влезе со оглед на тоа што до тој момент таа немала потпишано договот за настапот. Дополнително сè било решено. Опремата за нејзиниот настап била донесена со бродови.

Со неа пристигнале 135 личности од кои 40 се „back“ вокали, 25 танчери, а останатите се техничари. Поголемиот број на парични средства за нејзиниот настап на Евровизија ги дал израелско-канадски милијардер.