Дома Македонија (ВИДЕО) Кочанско Уларци преку ноќ можеби стана најбогато село во цел свет

(ВИДЕО) Кочанско Уларци преку ноќ можеби стана најбогато село во цел свет

Пред неколку денови информиравме за разговорите кои на големо кружат во кочанско, а во кои се вели дека при изградбата на патот Штип-Кочани, било пронајдено огромно количество на злато.

Се наведува дека неговата тежина е близу еден тон, па според брезанските цени на килограм злато, би чинело околу 20.000 евра. Со други зборови, пронајденото злато чини речиси, дваесет милиони евра.

Со ова се доаѓа до заклучок, дека Уларци преку ноќ стана најбогатото село на светот.

„Стари жители зборуваа дека за време на втората Светска војна на таа локација една ноќ, се оставени два големи сандаци со злато.

Еден од сведоците на тој настан, човек од Србија, не може да се сети точно на која локација се закопани овие сандаци во кои сметам дека е сега пронајденото злато“, изјави жител на село Жиганци за ТВ Стар.