Дома Македонија Најчевска: Доста ми е од шалабајзери во Собранието

Најчевска: Доста ми е од шалабајзери во Собранието

Статус на Мирјана Најчевска:

Е ова е проблем. Што поранешни и сегашни пратеници и функционери во власта не гледаат ништо проблематично.
Тие не ни имаат појма дека секој пратеник претставува илјадници луѓе и од него се бара да се однесува така.

Сите пратеници кои беа осомничени за непотизам треба да поднесат оставка.
Сите пратеници кои отвораа врати на терористи, треба да поднесат оставка.

Сите пратеници кои беа осомничени за прекумерно трошење дневници, треба да поднесат оставка.

Сите пратеници осомничени за криминални дејствија и богатење за време на вршење служба, треба да поднесат оставка.
Не смее бре за пратеник да биде избран воен злосторник ниту пак некој кој лежел во затвор заради кражба.

Дајте бре не ја минимизирајте пдговорноста на секој оној кој треба да не претставува во највисокото законодавно тело.

Доста ми е од шалабајзери во Собранието.