Дома Македонија Јанаки Знае: Секоја власт си има свои адвокати – јас не сакам...

Јанаки Знае: Секоја власт си има свои адвокати – јас не сакам да бидам дел од нив

Во последните две недели протекоа информации од јавните претпријатија, колку народни пари се одлеваат по адвокатски канцеларии, кои ги застапуваат претпријатијата во разните спорови.

Иронијата да биде поголема, сите овие јавни претпријатија, меѓу своите вработени имаат правници кои со години си ја работат и си ја знаат својата работа. Најеклатантен пример беше Скопски водовод, кој има исплатено огромни суми.

Скопскиот адвокат Јанаки Митровски, попопуларен како “Јанаки Знае”, на социјалните мрежи ги прокоментира овие трендови, но и спомена имиња на свои колеги:

,,Пред три-четири години на социјалните мрежи се шегував дека по смената на власта Медарски и Вујиќ ќе бидат Чукиќ и Марков.

Филип, рака на срце, излезе подоследен или попаметен, како сакате, и засега е изоставен од јавните претпријатија. Но, поентата е таа. Секоја власт си има свои адвокати, а јас не сакам да бидам дел од нив!”