Дома Uncategorized Германскиот Министер откри какви работници и недостигаат: И Македонци може да аплицираат

Германскиот Министер откри какви работници и недостигаат: И Македонци може да аплицираат

Како што наведуваат официјалните власти, градежништво и здравство се двата сектори во кои најмногу фалат работници во Германија.

Во Германија во моментов се потребни околу 1.2 милиони стручни работници, бројка што делува застрашувачки многу.

„Оној кој сега во Берлин се обидува да најде мајстор, знае колку работи би можеле да се завршат ако има повеќе стручна работна сила“, вели министерот за работа, Хубертус Хеил.

Со новите законски прописи, ќе се реши проблемот со луѓето кои немаат легален престој во земјата. Тие ќе можат привремено да останат, под услов да работат, да го говорат германскиот јазик и да не се казнувани.