Дома Македонија Филипче најави: Имаме план како да ги задржиме лекарите во Македонија

Филипче најави: Имаме план како да ги задржиме лекарите во Македонија

Државата има начин да ги задржи лекарите во земјава. Субвенции за специјализации по семејна медицина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека примарната здравствена заштита е столбот на здравствениот систем и дека заедно со Светска банка и Светската здравствена организација направиле теренска снимка, по што утврдиле дека во одредени региони фалат повеќе од 350 матични лекари.

Вели дека еден од начините за да се унапреди примарната здравствена заштита е стимулирање на семејната медицина, а акцент да се стави на превентивните програми.

Филипче рече дека следната недела со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ќе излезат со информација околу барањата на Здружението на приватните лекари за зголемување на капитацијата и вредносниот бод по кој се плаќаат избраните лекари, за што претходно кажа дека со ФЗОМ се договориле тоа прашање да се решава 2020 година.