Дома Балкан Еди Рама на оние кои му посакаа да му се случи...

Еди Рама на оние кои му посакаа да му се случи “Груевски” им одговори соодветно

Албанскиот премиер Еди Рама за време на состанокот со кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори во Албанија, изјави дека може да ја напушти владата само ако оние што гласале за него, народот, а не опозицијата, побараатод него.

“Вие треба да ја напуштите оваа должност само кога оние што ви ја довериле оваа задача, со гласање, на избори ви го побараат тоа. Јас не направив грешка, секојдневно живеам и се борам со убедувањето дека власта е привилегија да им служи на луѓето “, рече Рама.

Тој го обвини лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша, дека сака да ја преземе власта со насилство, а не на избори и ги предупреди сите што се обидуваат да го блокираат изборниот процес на 30-ти јуни:

“Оние кои ги прават овие немири може да се најдат на црната листа на САД и земјите на ЕУ “предупреди Рама.

Според него, изборниот процес на секое избирачко место ќе биде документиран со видео и аудио снимки и фотографии, така што не само Владата, туку и секој надлежен сектор ќе ја направи својата улога со цел да се овозможи мирен и демократски изборен процес, рече Рама.