Дома Македонија Тасевски: Тамара го спаси Павле

Тасевски: Тамара го спаси Павле

Статус на Сашо Тасвски:

Тоа е тој (проби)свет на фејсбук. Во кој сум и јас. Два дена черечиш еден, третиот ден го заменил друг, со арно или со лошо. Тамара го спаси Павле. Сега три дена она ќе биде ударна фејсбук вест.

Иако нема везе у суштина целата халабука. Сите знаевме ќе влезе у финале, а знаевме и зошто. Не за нешто друго, туку баш поради ТОА. Сега Евровизија ни е супер зашто сме во финале, до минатата година кога испаѓавме, викавме дека е срање.

Зад тој музички циркус од 1991 година наваму, особено по 2000 година, се крие тоталитарен светоглед, опасен политичко идеолошки концепт, уште една алатка за манипулација и пропаганда, таа е искривено огледало во кое ЕУ сака да се огледа, зашто мисли дека ја прави убава. А не е така.

Но, ние пациентите на таа клиника, во тој прегорен босански лонец мора да го одработиме своето. Која факинг музика, која факинг песна, која факинг победа? Било чија. Се е тоа мртво пувало. Од прв до последен. Лигавење до посер. Шоу на пореметени первертити и оние кои ѓоа ги разбираат и им викаат браво, во духот на едно фалшно заедништво. Евровизија… Who gives a fuck.