Дома Останато Син ми денес слави Матура, ќе слават, ќе се веселат, а јас...

Син ми денес слави Матура, ќе слават, ќе се веселат, а јас не можам да го видам

loading...

Здраво Балкан. Сакам кај вас да си ја испразнам тежината од душава. Ех драги мои што дочекавме. На стари години да акаме по белиот свет за корка леб, ете тоа. А како си живеевме порано, со помалку ама доволно.

Јас го загубив работното место. Работев во Железара. Ех, што беше порано да работиш во Железара. Убава плата, годишен одмор, канти сирења од синдикат, годишни одмори со семејството и пријателите…

Споменав годишен одмор? Десет години не сум бил. Што правам сега. Епа сега возам камион. Го вртам ѓеврекот, што би рекле моите колеги, мачни души.За да можеме дома да врземе крај со крај.

А како изгледа тоа, па сигурно знаете, сигурно имате некој близок кој вози, бидејќи овде сме “плева” Македонци. Тоа ти е минимум три месеци одвоен живот од дома. Потоа се враќаш дома, одмараш 2-3 недели и повторно назад.

loading...

Го молев газдата да направиме нешто овој месец да се качам подоцна, заради матурата на синот. Но одговорот беше, ако пропуштиш сега, седи си дома до Јули. И отидов, што да правам.

Бидете ми здрави и живи мои Македонци, каде и да сте и држете се, бидете горди, бидејќи чесно си го заработувате лебот.

С.П.

Името и презимето познато на редакцијата. Авторски текст, не смее да се превзема од други портали без одобрение од редакцијата на Балкан.

loading...