Дома Македонија Шанац: Уште еднаш јавно му се извинувам на Тричко, па макар било...

Шанац: Уште еднаш јавно му се извинувам на Тричко, па макар било тоа и кукавички чин

loading...

Да ме осудија. И да, му се извинив. Згрешив. Влегов во расправија во која не требаше. На крајот на краиштата тој не сакаше само мене да ми ја сече главата, не ми ја навредуваше само мене татковината, и не ги нарече само моите деца ретардирани затоа што се производ од брак на вмровец и вмровка. (морам да напоменам дека првата е симпатизер на другите).

Ме осудија, три месеци затвор, или една година условно. Што би одбрале вие храбри јуначишта?:)..знам, знам, вие би лежеле..у ладовинка.

Ѓеровски Бранко го најави ова одамна, па дури среќата на насловна ја сподели дека “премиерно ќе го крка Тони Шанац”, а еве и Алапалчо другар му веќе се радува со пријателите, а некои од нив ни се дури и “заеднички”. Поточно ни беа заеднички 🙂.

Алапалчо ова го нарекува театар. Ти посакувам и тебе вака да те кастираат.

loading...

Оваа тужба беше од ЗНМ. Здружение на новинари на Македонија. Така се штити колега и тоа е за почит. Човекот може навистина да се гордее со своите колеги. Не верувам дека сите се сакаат меѓу нив, но барем се сложни.

Уште еднаш јавно му се извинувам на оштетениот, па еве нека биде протолкувано и како кукавички чин.
п.с. можеби ронка храброст ќе ми се додаде што не реков дека сум државјанин на нивната земја..можеби..

loading...