Дома Македонија Матурантите од Македонска Каменица го откажаа матурското дефиле: Тое е клише и...

Матурантите од Македонска Каменица го откажаа матурското дефиле: Тое е клише и застарено

loading...

Од малото рударско градче во источна Македонија ни пристигна вест која говори за нешто сосема поразлично кога станува збор за матурските прослави.

Овогодинешнава генерација на матуранти во Македонска Каменица, одлучи да ја прекине неколкудецениската традиција на матурско дефиле низ каменичките улици.

Матурантите сметаат дека тоа е надминат начин на прослава на завршувањето на средното училиште и се одлучија за поскромен и помодерен начин на прослава, далеку од очите на јавноста.

Дали овој нивен потег ќе повлече ланец и на други матуранти кои годинава или во следните генерации ќе се решат на овој потег.

loading...
loading...