Дома Магазин Македонската пејачка наскоро ќе стане мајка, па откри: Детете ќе го крсти...

Македонската пејачка наскоро ќе стане мајка, па откри: Детете ќе го крсти по нејзиниот омилен лик од „Игра на тронови“

Пејачката Нина Јанева веќе е во шестиот месец од бременоста и наскоро ќе се оствари во улогата на мајка.

Нина го откри и полот на бебето и кажа дека таа и сопругот ќе добијат ќерка, а веќе го имаат смислено и името на наследничката.

Со сопругот уште од пред две години знаевме дека ако имаме ќерка ќе ја крстиме Арија. И двајцата сме големи фанови на серијата „Игра на тронови“, а токму Ариа е и мојот омилен лик. Знам дека мојата ќерка ќе ја поседува нејзината храброст и борбеност, поради тоа и решивме да и го дадеме тоа име, откри пејачката.

Иако е во поодмината бременост, Нина е поприлично активна и се уште настапува, односно закажаните настапи за летово планира да ги одработи, а некаде после средината на август заминува на заслужен одмор. Терминот за породување е кон средината на септември.