Дома Македонија Македонска реалност: Возат коли од 50.000 евра, а не сакаат да платат...

Македонска реалност: Возат коли од 50.000 евра, а не сакаат да платат патарина од 40 денари

loading...

Стотици илјади граѓани секојдневно транзитираат во и надвор и од Скопје. Од разни делови од земјава, доаѓаат по различни патишта..некои ја бираат најбрзата рута, други импровизираат за поевтина варијанта.

Петровец е последната наплатна рампа пред влезот на Скопје. Сепак тука не застанува секој, бидејќи самиот терен им овозможува на возачите пред рампата да се исклучат, да возат 3 километри низ населено место и повторно позади патарината да се вратат на автопат.

Режимот на сообраќај и местата за исклучок, низ годините се менувале неколкупати. Но, со секоја варијанта, последици трпеле локалните жители.

„Вози кола од 50 илјади евра, а не сака да плати 40 денари, и вози по овој пат, а таму има автопат.“, „Значи имаме проблем! Значи гледај коли камиони идат, деца доаѓаат овде по тротоарот и страдаат“ – велат локалните жители.

loading...

Дел од жителите на Петровец со писма и петиции се жалеле кај надлежните за сообраќајниот хаос во нивната околина. Откако се оглушиле, неколку пати излегоа и на улица. 

„Државата губи во секој случај, бидејќи откако е направена последната измена на наплатната рампа во Петровец, секој граѓанин во оваа држава може слободно да ја избегне и да не ја плати.“ – вели Јосиф Станковиќ, жител на Петровец.

Целата сторија проследете ја на ТВ 24.

loading...