Дома Македонија Калина: Што понеписмен тоа погоре, што пописмен тоа подолу – само толку...

Калина: Што понеписмен тоа погоре, што пописмен тоа подолу – само толку треба да уништиш држава

Калина Коси со статус на „Фејсбук“:

Среќавам една пријателка денес, ми се пофали, се вработила годинава. Велам ај честито, каде? Ми вели обучувач во сектор за човечки ресурси, а таа историчарка со магистратура.

Некако инстиктивно ми дојде да и речам „Не ти е по струка, ама ајде, нема врска, ќе научиш!“ Па си помислив, што ти е чудно, па тоа така оди кај нас…

– Филолог? Стави го Хигиеничар во училиште, нема врска, ќе научи!
– Архитект? Стави го Чувар во АРМ, нема врска, ќе научи!
– Ветеринар? Стави го Болничар на клиника, нема врска, ќе научи!
– Средно угостителско? Стави го Советник за финансии, нема врска, ќе научи!
– Четврто одделение? Стави го Директор на УЈП, нема врска, ќе научи!
– Неписмен? Стави го Министер за образование, нема врска, ќе научи… да се потпишува барем… толку треба.

И навистина, само толку треба да уништиш држава. Ни помалку, ни повеќе. Што понеписмен тоа погоре, што пописмен тоа подолу. Обратнопропорционално!