Дома Македонија Емотивна средба во Штип: На 50-години од матура од Турција дојде класниот...

Емотивна средба во Штип: На 50-години од матура од Турција дојде класниот 80-годишник Реџаи

Малку време за многу тоа да се поприкаже, да се подсети како по половина век, е да се биде повторно во овој ученички ходник во средното текстилно училиште. Матурантите од генерацијата 1969 година, се собраа да ги одбележат 50-те години од нивното матурирање. Возбудата и големиот наплив на емоции беа преголема пречка за да се каже нешто повеќе за, како е да се види својот соученик во истата клупа, ама по пет изминати децении…

„Ќеф ми е што успеав да ги доберам на едно место моите соученици, еве сме тука да го прославиме јубилејот 50 години од матурирањето “, изјави Димитар Донев – матурант

„Многу убаво што се собравме, да се видеме, тоа е“, изјави Стојка Коцева-матурант

За ваков исклучителен настан, на денешниот класен час не задоцни и 73 годишниот Обрад Стојановиќ од Тетово…

„Чувство, не, ова само треба да се доживее, нема тука објаснување“, изјави Обрад Стојановиќ – матурант

Нема споредба од тогаш и сега, кога како и денеска, ученичкиот ходник беше претесен од многубројните ученици. Еве зошто интересот да се биде текстилец во Штип беше чест избор на тогашните завршени основци…

„Македонка работеше, Астибо работеше, ние одевме таму на пракса и за тоа добивавме и паричен надоместок. Сега тоа го нема, за жал и нема толку многу интѕерес од завршените основци да продолжат со школувањето во нашата текстилна“, објасни Димитар Донев – матурант

„Во наше време училишниот ходник вриеше од ученици, не можевме да се разминеме, а, сега е полупразен, речиси празен, тоа е разликата“, дополни Обрад Стојановиќ – матурант

Посебно задоволство на старо-младите матуранти беше појавата на нивниот класен раководител, сега 80 годишниот Реџаи Газилер.Како и тогаш, пред половина век, и денеска, Реџаи дојде од Истанбул-Турција, каде живее, да го отвори дневникот за да ги прочита оние кои денеска беа присутни на класниот час.

Целата сторија проследете ја на ТВ Стар.