Дома Македонија Богојески: Денес Бранко Црвенковски се врати од пензија и веднаш снесе кукавичко...

Богојески: Денес Бранко Црвенковски се врати од пензија и веднаш снесе кукавичко јајце

Петар Богојески даде својо коментар за денешната посета на поранешниот претседател Бранко Црвенковски на Владата и ја нарече очајнички обид да ја смести Македонија среде „српската манџа“.

-Денес Б.Ц. се врати од пензија и веднаш снесе кукавичко јајце во македонското европско седело! Имено, Западен Балкан во кој влегуваат и Србија, Црна Гора, Босна и Косово, покрај Македонија и Албанија, уште долго, долго време ќе остане заложник на “косовското” и “босанското” прашање.

Конкретно тоа е “српското” прашање на Балканот. Очајниот обид на БЦ, (активиран на тастер, преку некој т.н. Подгорички клуб, “загрижен” за кртопатот на европските интеграции) да не смести среде таа “српска манџа”, со цел да не влеземе во ЕУ пред самата Србија да ги реши своите интереси, особено во Косово, има една цел – Македонија во ЕУ, после Србија или во најдобар случај заедно со неа.

Односно, Македонија да стане заложник на “косовското” прашање! Париз, поради емоциите од минатото кон Белград, веќе е на пат да стане дел од тоа сценарио!

Целото интервју на Богојески може да го проследите на Фокус.