Дома Свет Од Први Јуни оние кои имаат Бугарски пасоши во Швајцарија ќе можат...

Од Први Јуни оние кои имаат Бугарски пасоши во Швајцарија ќе можат да се чувствуваат како дома

Од први јуни, граѓаните на Бугарија и Романија ќе имаат целосна слобода на движење, работа и престој во Швајцарија, исто како да се во Европската унија. Во средата, швајцарската влада го издаде соодветниот декрет.

За две недели, Бугарите и Романците веќ ќе имаат право слободно да се движат, да работат и да престојуваат во Швајцарија.

Рокот на сегашната рестриктивна клаузула истекува на крајот од мај, така што на 1 јуни 2019 година граѓаните на двете земји ќе имаат исти права во Швајцарија како и во ЕУ.

Вчера швајцарската влада издаде декрет за воведување на слобода на движење за Бугарите и Романците.