Дома Свет (ВИДЕО) Претставниците на Австралија летаа на сцена и влегоа во финале, ова...

(ВИДЕО) Претставниците на Австралија летаа на сцена и влегоа во финале, ова се останатите финалисти

Израел оваа година е домаќин на најголемиот музички настан во светот. Во „Експо“ центарот во Тел Авив вечерва се одржа првото полуфинале од овогодинешното издание на популарниот фестивал „Евровизија“.

Изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија успеаја да се пласираат во финалето кое е закажано за в сабота.

Нашата Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе ја претставува Македонија во второто полуфинале, кое е закажано за в четврток.

Највпешатлив настап имаа претставниците на Австралија, кои со помош на технчки реквизити, летаа по сцената и приредија своевиден спектакл.