Дома Магазин Драгана Спасовска: Роналдињо кога доаѓа во Дубаи, ми се јавува мене, а...

Драгана Спасовска: Роналдињо кога доаѓа во Дубаи, ми се јавува мене, а се дружам и со Меси и Марадона

Познатата Македонска старлета Драгана Спасовска веќе десетина години не живее во Македонија. Таа последните пет години живее и работи во Дубаи, каде што има и сопствен салон за убавина.

Пред неколку месеци се појавија фотографии на кои таа е сликана со познатата бразилска ѕвезда Роналдињо, па веднаш се развија и муабети дека таа е негова девојка. Еве што изјави Драгана за естрадниот магазин Бекстејџ:

-Со Роналдињо сме другари. Тој има куќа во Дубаи и секогаш кога доаѓа таму ми се јавува мене и се дружиме. Но не само со него. Сум се запознала и со Марадона, Меси, Дембеле, Погба и многу други.

Сите тие ми се другари. Како и што сум успеала да се запознаам со такви ѕвезди, тоа не е ни битно. Важно и интересно е што сите тие се едни многу обични луѓе и за разлика од нашите “ѕвезди”, не ја истакнуваат нивната величина, вели Драгана Спасовска.