Дома Македонија Дац: Како што е редот, нели – очекувам оставка од Богоевски

Дац: Како што е редот, нели – очекувам оставка од Богоевски

Oставка од пратеникот Павле Богоевски по неговото признание дека набавувал масло од канабис, што беше објавено на најновата бомба на „Илија Громовник“, бара актерот Драган Спасов – Дац кој се огласи со статус на „Фејсбук“

„Очекувам оставка од Павле Богоевски и прес-конференција на Миле Бошњаковски!
Како што е ред, нели?“, прашува Дац.

Снимката се појави вчера на руската мрежа „Вконтакте“. Профилот „Илија Громовник“ кој ја објави снимката тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин.

Богоевски потврди дека тоа е неговиот глас, но објасни дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис. Вели дека го набавувал за лечење на негова блиска личност.